Реал подготвен да му го продолжи договорот на Модриќ и до 2024 година

226

Лука Модриќ би можел да го продолжи договорот со Реал Мадрид и до 2024 година.

Шпански „АС“ пишува дека играчот од средниот ред нема да се пензионира се додека физичката состојба му дозволува да игра. Следната година мадридскиот клуб ќе разговара со играчот од средниот ред за потпишување на нов договор до 2024 година.

Забележано е дека ниту Реал Мадрид ниту играчот нема да избрзуваат по ова прашање, бидејќи знаат дека со заедничка желба брзо ќе се постигне договор.

Покрај тоа, Реал Мадрид сака Модриќ да работи во клупскиот систем по неговото пензионирање. 37-годишниот Модриќ оваа сезона забележа девет настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи два гола и една асистенција.

ПретходноЛН: Шкотска убедлива против Украина на „Хемпден Парк“
СледноХаос во Колумбија и прекин на прволигашки меч поради навивачи (ВИДЕО)