Цветан Кузмановски во Е. Пелистер до 2025!

72

Цветан Кузмановски (22) и во наредниот период ќе биде дел од Е. Пелистер. Како што денеска објавија од страна на битолскиот клуб, Кузмановски и Е. Пелистер потпишале договор, односно го продолжиле, со важност до 2025 година.

Да кажеме дека стружанецот досега беше член на Е. Пелистер 2, но откако и тоа како ги искажа своите квалитети, тој е префрлен во првиот тим.

Од таборот на Е. Пелистер не го кријат задоволството што успеале да го продолжат договорот со Кузмановски кој секако дека е ракометар со репрезентативен калибар.

А и Кузмановски исто така не го криеше своето задоволство од фактот дека и натаму ќе биде дел од еден од нашите најголеми ракометни клубови.

Ова е моја трета сезона во Битола. Задоволен сум, се навикнав на оваа средина. Голем напредок во кариерата ми е што се префрлив во првиот тим, стигнав и во репрезентација и се надевам дека оваа сезона ќе ја оствариме нашата цел, да ги донесеме титулите во Битола.“ изјави Кузмановски.

No description available.

ПретходноНова тешка задача за Митревски и Порто, скандинавско дерби за Начевски и Николов!
СледноСкандал во Челзи: Директорот праќал недолични пораки па доби отказ!