Иван Јовановски – Карас во стручниот штаб на Шкендија!

986

И официјално стручниот штаб на Шкендија, на чие чело од пред неколку денови одново е Ќатип Османи, се засили со познатиот Иван Јовановски – Карас. Тренер кој е специјалист за физичка подготовка.

Карас е познат по својот занает и не само во Македониј, каде има работено долго време во репрезентацијата, но и во клубови како Македонија ЃП, Академија Пандев.

Надвор од Македонија има работено во клубови во Русија, Азербејџан, Бугарија, Турција…

Од Шкендија се убедени дека квалитетот и искуството на Карас и тоа како добро ќе им дојде.

ПретходноЛидерот Струга ТЛ ќе се “тестира“ со Силекс!
СледноМилевски: Ако не сметаме дека сме способни за триумф не би биле тука