ЛН: Хрватска е прва во групата, голчиште на Ериксен, Франција конечно победи (видео)

397

Во Лига А на Лигата на нациите се одиграа четири натпревари. Во групата 1 Хрватска ја совлада Данска со 2:1 и направи скок на првото место на табелата пред одигрувањето на 6. коло. Хрватите поведоа со гол на Борна Соса во 49. минута, Данците изедначија со прекрасен гол на Кристијан Ериксен во 77. минута, а веќе во наредната акција Хрватите повторно дојдоа во водство преку Ловро Маер.
Хрватска има 10 бода, а Данска 9, трета е Франција со 5 бода која вечерва ја оствари првата победа. На Стад д’Франс беше совладана Австрија со 2:0 со голови на Мбапе и на Жиру и двата во второто полувреме.

Во наредното, последно коло Хрватска ќе игра против Австрија во гости, а Франција ќе и гостува на Данска.

ГОЛОТ НА СОСА НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА ЕРИКСЕН НА ОВОЈ ЛИНК

ГОЛОТ НА МАЕР НА ОВОЈ ЛИНК

Во групата 4 Холандија изби на чело на табелата по триумфот над Полска со 2:0 и тоа во Варшава. Гакпо и Бергвајн ги постигнаа головите. А Белгија со 2:1 го победи Велс. Белгијците преку головите на Де Брујн и Батшуи поведоа со 2:0 во првото полувреме, а поразот го ублажи Кевин Мур во второто полувреме.

РЕЗУЛТАТИ, ЛИГА А (5.КОЛО)
БЕЛГИЈА – ВЕЛС 2:1
ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА 2:0
ХРВАТСКА – ДАНСКА 2:1
ПОЛСКА – ХОЛАНДИЈА 0:2

ПретходноЛуксембург три пати водеше во Истанбул, на крајот ремизираше со Турција
СледноРистовски со емоционална порака до Пандев: Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш