СПОРТМЕДИА во Тбилиси,
Огнен Дојчиновски
Навистина што се случува со автобусите во Тбилиси, поточно во Грузија. Како може една репрезентација како нашата, денеска да доцни на тренинг и тоа околу 45 минути? Навистина несфатливо. Па нели има придружба, возила “чистачи“ и полициска придружба или во Тбилиси како и во цела Грузија целата оваа работа наликува на “селска задруга“.
Да, навистина што се случува со автобусите, ако се знае дека на 10 јуни оваа година, на ден пред мечот во Тбилиси меѓу Грузија и Бугарија, гостите доживеаја тешка сообраќајна несреќа каде двата автобуси кои патуваа од аеродромот во Тбилиси до хотелот се судрија и имаше неколку повредени лица. Најтешко мина Неделев кој мораше веднаш во болница и сеуште не игра фудбал.