СПОРТМЕДИА во Тбилиси,
Огнен Дојчиновски
Во пресрет на утрешниот меч од 5.коло во нашата група во Лигата на Нации во сегменот -Ц, меѓу Грузија и Македонија, селекторот на домашната репрезентација Вили Сањол, попладнево ги искажа сите свои очекувања.
Јасно е дека неговата селекција е во предност, и треба само бод за да и дефинитивно го освои првото место.
“За мене Македонија беше најдобриот тим во групата пред стартот на натпреварите. Играа на ЕП, имаат одличен тим. Но, сега ние сме лидери и самите одлучуваме за прворо место. Ќе бидеме многу разочарани ако не успееме да завршиме како први“ вели Сањол.
Тој потенцираше дека неговите избраници не смеат да влезат на овој меч само за да освојат бод.
„Ако сакаме да победиме, а сакаме, тогаш мора да бидеме квалитетни на секој дел од теренот. Македонија не само што играше на ЕП туку тоа е тим кој ја исфрли Италија од СП. Македонија е селекција која во последните две години има одлични резултати“.
Во продолжение тој истакна…
“Мечот ќе биде од високо ниво, со голен интензитет, ќе видиме колку ќе биде различен од тој јунскиот. Видеме, 18 месеци пред да дојдам на селекторското место ситуацијата беше многу поразлична. Среќен сум што работам со група млади и квалитетни играчи кои имаа важна улога во своите тимови“ заврши селекторот на Грузија.