Втор пораз на Работнички на Балканскиот куп

84

Македонскиот шампион во женска конкуренција, Работнички, го претрпе и вториот пораз на Балканскиот Куп во Бања Лука. По вчерашниот убедлив пораз од турскот ПТТ Спортс Анкара, денеска Работнички беше поразен и во дуелот со српски Партизан.

Србинките остварија победа од 3:0 (25:15, 25:18, 25:17) со што го обезбедија и вториот триумф на турнирот, по вчерашната победа над домашниот тим, Бања Лука.

За Работнички, утре е нова шанса за прва победа на турнирот. Во 20 часот утревечер нашиот првак ќе игра со домаќинот на турнирот, Бања Лука.

Победникот на Балканскит куп ќе обезбеди учество во ЦЕВ Челинџер купот.

ПретходноАрнаутовиќ постави рекорд за Австрија, а Гризман за Франција
СледноЈунајтед објави загуба од 115 милиони фунти за минатата сезона, но и рекорд за плати во Премиер лигата