Геј навивач му се обрати на катарскиот амбасадор: Имам односи со машки, фудбалот тоа го поддржува!

527

Организаторите на Светското првенство јасно ги предупредија припадниците на оваа популација јавно да не ја истакнуваат својата сексуална ориентација или би можеле да се соочат со сериозни последици.

Пред неколку месеци, претседателот на организацискиот одбор на Светското првенство во Катар, Насер Ал Катер, постави јасни правила на однесување за ЛГБТ луѓето. Можат да дојдат на првенството, но со почитување на правилата.

„Кај нас не е дозволена хомосексуалност, но ви ветувам дека сите ЛГБТ лица ќе бидат безбедни за време на Светското првенство. Ќе им биде дозволено да ги гледаат мечевитр, но под услов да не ја изразуваат својата сексуалност во јавност. Ве молиме да го почитуваат тоа. Тие доаѓаат како навивачи и ќе им биде дозволено да навиваат, рече Ал Катер.

Интересна ситуација поврзана со Катар и Светското првенство се случи пред неколку дена во Германија. Претставникот на Здружението на навивачи од Германија, Дарио Минден, кој исто така е геј, одржа говор пред катарскиот амбасадор.


“Јас сум маж и сакам мажи. Немојте да се шокирате, но имам врски со други мажи. Тоа е нормално, или навикнете се или оставете го фудбалот”, ја започна приказната Минден и продолжи:

„Најважното правило во фудбалот е: Фудбалот е за секого. Не е важно дали сте лезбејки или геј – фудбалот е за секого. За момчиња, за девојки. За секого.

Укинете ја смртната казна. Укинете ги сите казни за оние кои отворено ја изразуваат својата сексуалност. Правилото дека фудбалот е за секого е многу важно. Не можеме да дозволиме да го прекршите колку и да сте богати. Добредојдовте во фудбалската заедница и како домаќини на голем турнир, но така е во спортот, мора да ги прифатите правилата“, рече Минден.

ПретходноМилевски со дилема Миовски или Ристовски!?
СледноГРАНДЕ Пандев: Петте натпревари и голови на кои вечно ќе се сеќаваме на НАЈГОЛЕМИОТ! (ВИДЕО)