СПОРТМЕДИА во Тбилиси,
Огнен Дојчиновски
Капитенот на репрезентацијата на Грузија Гурам Кашиа, исто како селекторот Вили Сањол, имаше свое видување за тоа какви се очекувањата пред утрешниот меч во Тбилиси, меѓу неговата селекција и Македонија, во меч од Лигата на Нации.
Сепак тој прво се осврна на она што беше во ноември 2020 година, кога Македонија победи со 1:0 среде Тбилиси и успеа да се пласира на ЕП.
“Не сакам да се сеќавам на тој меч, не сакам да се сеќавам на финалето во баражот за ЕП. Сега расположението е различно. Сега Грузија е прва во групата. Среќен сум што ќе играме пред полна Арена, фановите нас не ни прават притисок, туку тие ни ја даваат својата поддршка. Тоа може да биде за нас само поголе мотивација“ рече покрај другото капитенот на селекцијата на Грузија.