И официјално стручниот штаб на Шкендија, на чие чело од пред неколку денови одново е Ќатип Османи, се засили со познатиот Иван Јовановски – Карас. Тренер кој е специјалист за физичка подготовка.
Карас е познат по својот занает и не само во Македониј, каде има работено долго време во репрезентацијата, но и во клубови како Македонија ЃП, Академија Пандев.
Надвор од Македонија има работено во клубови во Русија, Азербејџан, Бугарија, Турција…
Од Шкендија се убедени дека квалитетот и искуството на Карас и тоа како добро ќе им дојде.