Утре во пријателски натпревар во Струга, се среќаваат првиот и вторриот на табелата во изминатите 8 кола во ПМФЛ. Струга ТЛ го дочекува Силекс, во меч кој ќе биде искористен од тренерите на двете екипи, Срѓан Захариевски и Горазд Михаилов, да ја проверат формата на своите играчи и во текот на оваа пауза поради настапите на нашата репрезентацијата. Инаку ова ќе биде реприза на дуелот од 5.коло кога Струга ТЛ славеше со 2:1.
Инаку натпреварот почнува во 15.30 часот и се игра на Градскиот стадион во Струга. Да потсетиме дека веќе неколку денови кратовци се наоѓаат на мини – подготовки во Охрид, и токму затоа е овој пријателски меч со Струга ТЛ.
Инаку вчера кратовци одиграа пријателска и со другиот клуб од Струга, второлигашот Караорман. Силекс победи со 3:0 а головите беа дело на Цветаноски и Петровиќ во првиот дел, и двата од пенал. Додека во второто полувреме Обадовиќ постигна гол за конечни 3:0 за прволигашот од Кратово.