Милевски: Ако не сметаме дека сме способни за триумф не би биле тука

123

СПОРТМЕДИА во Тбилиси,

Огнен Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 18:00 по македонско време на стадионот во Тбилиси го игра следниот дуел од тековната Лига на Нации. Противник ни е домаќинот Грузија, по многу нешта ривал со кого имаме нерасчистени сметки. Првично затоа што токму преку него ние заминавме на Европско, а второ затоа што токму Грузија ни го нанесе еден од најтешките порази во последно време, оној на Арената Тодор Проески во Скопје со 0:3.

Селекторот Благоја Милевски секако дека извлекол поуки од тој дуел, и не само тој. Фудбалерите се тие кои утре реално, треба, мора да бидат на едно сосема друго ниво од тој дуел за да извлечеме поволен резултат.

„Секако дека ова е стадион кој многу добро го знаеме. Сепак, ова не е минатото ова е сегашноста и ова е сосема нов меч. Играме за нешто сосема ново. Знаеме што треба ад направиме. Атмосферата може да е позитивна или негативна но таа смее да биде пресудна. Мора ние на терен да покажеме што можеме. Поразот на домашен терен не болеше многу и ние сме тука тоа да го поправиме. Ја сум сега еден од постарите што се вели сега. Мислам дека секој повика за репрезентација треба да се мотивирани. Напротив, јас не сум тука за да мотивирам. Ако е потребна мотивација од друг за да играш за репрезентација, тогаш…..“ – изјави Езџијан Алиоски на самата прес конференција пред официјалниот тренинг.

„Мора да кажам дека првично се концентрирам на она како ние ќе изгледаме на терен, а не како тоа ќе изгледа противникот. Ние сме тука за да дадеме максимум, а противникот може да одигра или да не одигра. Кварачкелиа е добар играч но тој не може се сам. Тимот е тој кој победува. Македонија имаше одлични квалификации за Мундијалот. Одлично се претстави против Италија и Португалија, но овој циклус на Лига на Нации, е погоден од голем број на наши повреди и откажувања. Тоа не натера на промени, направи да им се даде шанса на многу млади играчи. Се додека Македонија има и најмали шанси за пласман понатаму ние ќе пробаме истите да ги искористиме.„Никогаш не се навраќам на она што поминало, па и на фактот дали Грузија сега е поквалитетна или не. Играат поразличен фудбал отколку порано, а ние сме тука да ги минимизираме оние грешки кои ги направивме на дуелот во  Скопје. “  – се надоврза селекторот Благоја Милевски.

 

 

 

 

 

ПретходноИван Јовановски – Карас во стручниот штаб на Шкендија!
СледноПровокација или пак организациски колапс, Македонија доцнеше на тренинг 45 минути