Натпреварите на Македонија против Грузија и Бугарија со директен пренос на МТВ!

551

Стигна вест за македонските љубители на фудбалот. Најдобриот национален тим ги игра последните два натпревари од групната фаза во Лигата на Нации, а двата меча ќе бидат со директен пренос МТВ.

Боби Милевски и неговите избраници веќе се во Тбилиси каде утре се среќаваат со Грузија 18 часот, додека во понеделник во Скопје гостува Бугарија.

Македонија се наоѓа на второто место во групата зад Грузија која има 10 бода, три повеќе од нашата репрезентација.

ПретходноРеприза на финалето во дербито на колото во Лигата на шампиони!
СледноФедерер со Надал го игра последниот меч во кариерата!