Не во македонските медуми, туку во италијанските, најдобриот фудбалер на Македонија во последните дваесет години Горан Пандев објави крај на кариерата. Тоа го стори преку интервју во престижната италијанска Газета Дело Спорт.
Во опширното интервју во кое тој се навраќа на многу настани од неговата кариера, Пандев конечно ја отвора душата и вели дека од неговиот 13. годишен син, пораснал речиси без негово присуство и во тие дваесетина години строго професионална кариера морал да се одрече од многу нешта.
„Гранде“ се навраќа и на времињата кога имаше проблем Клаудио Лотито првиот човек Лацио и суспензијата која му ја наметна овој клуб, па со тренерот Делио Роси, за да на крајот бдие продаден во Интер, и под палката на Жозе Мурињо освои таканаречена „триплета“ во Серија А односно во Купот и Лигата на Шампионите.