„Ел Мундо“, еден од најугледните дневни весници во Европа, објави ноткрива детали за договорите и односите во Барселона. На ред дојде Жерар Пике. Шпанците пишуваат дека Барселона му ја исполнила желбата и го направила најплатен дефанзивец во светот, иако во исто време во интерен клупски извештај стои дека „клубот прави голема штета поради конфликтот на интереси меѓу Барселона и нејзината приватна компанија“.
Се однесува на документарецот за Антоан Гризман, односно неговата одлука дали да остане во Атлетико или да замине во Барселона. На крајот, по долго размислување, Гризман реши да одбие да оди во Барселона. Проблемот е што филмот е продуциран од компанија во сопственост на еден од симболите на Барселона, Жерар Пике.
“Неговата деловна стратегија стана проблем за Барселона. Затоа претседателот на клубот Бартомеу побара извештај да види дали Пике ги прекршил условите од договорот со Барселона со продуцирање на ваков документарец”, пишува Ел Мундо и открива дека каталонскиот гигант сериозно размислувала да го казни Пике, но се воздржала од тоа поради „можниот медиумски притисок и желбата Пике да остане во клубот до крајот на договорот“.
Барселона за него плати 142 милиони евра за пет години. Не вклучува бонуси и премии
Во врска со споменатиот договор, според достапната документација, Барселона од 2017 до 2022 година на Пике му доделила 142 милиони евра бруто, плата загарантирана со договорот, без премии и бонуси. „Ел Мундо“ открива и детали за тоа како е потпишан договорот во декември 2017 година.
„Пике дојде кај Бартомеу на преговори и му кажа дека сака да биде најплатениот дефанзивец во светот и да заработува повеќе од Серхио Рамос. Претседателот се согласи, па Пике заработуваше 15 милиони евра годишно, со што го надмина Рамос со 12,5 милиони нето годишно.
Тој доби феноменален надомест за намалувањето на платата поради корона,
Дополнително, Барселона му даде „даночен бонус“ на Пике за да го надомести за тоа што му го земаа даночните власти, а со тоа Пике доби уште 7,1 милиони евра. Баркаликс наведува дека иако Пике се согласил да ја намали платата поради кризата со корона, клубот го обештети со продолжување на договорот до 2024 година“, се вели во текстот на „Ел Мундо“
Тоа значи дека за Барселона би играл до 37 години. Сепак, оваа сезона, прва комплетна под водство на тренерот и неговиот поранешен соиграч Чави, Пике одигра само еден од осумте натпревари.