Премиерлигашите донесоа одлука: Секој што ќе влезе на терен добива забрана од една година

151

Премиер лигата годиниве се повеќе почна да се соочува со проблеми и инциденти со навивачите. Не се тоа екстремни како оние од пред неколку децении, кои доведоа до тоа да има забрани за гостувања, затворски казни, убиства и слично но сепак, и овие тековните не се занемарување.

Се повеќе навивачи во Англија си земаат за слобода да влезат на теренот, кој според тамошните правила не се заштитени со ограда, па потегот не е воопшто проблем, треба само да се „сака“. Епа на последниот состанок на сите членови на Премиер лигата е донесена одлука секој оној кој ќе влезе во теренот, или пак кој ќе запали факел на трибините, да добие автоматска забрана за посетување на натпревар од една година.

„Секој треба да може да се чувствува безбедно и да ужива во играта. Категорични сме дека инцидентите што ги видовме минатата сезона мора да престанат“, објасни шефот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

„Ако не преземеме колективна и трајна акција, ќе биде само прашање на време кога некој ќе биде сериозно повреден или уште полошо“, додаде тој.

ПретходноИнтер со оригинална порака го испрати Пандев во пензија
СледноАрнаутовиќ постави рекорд за Австрија, а Гризман за Франција