Во сабота (24 септември), фудбалерите на Скопје ќе одиграат пријателски натпревар со Раднички Ниш, тим од Суперлигата на Србија. Натпреварот е закажан за во 16 часот. Се разбира дека ова ќе биде одлична контрола за четата на стратегот Славчо Георгиевски, меч со која ќе биде максимално искористена репрезентативната пауза.
Инаку познато е дека некогаш Вардар почесто гостуваше кај Раднички Ниш, тим кој што беше голем спортски ривал на нашиот најтрофеен клуб, но еве сега Скопје, тимот од Автокоманда, ќе гостува во Ниш каде ќе ги одмери силите со Раднички.