Ристовски со емоционална порака до Пандев: Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш

344

Горан Пандев го заврши професионалното играње на фудбал, а честитки за се она што направи во изминатите 20 години пристигнуваат од секаде. Емоционална порака испрати Стефан Ристовски, фудбалерот кој ја презема капитенската лента во репрезентацијата на Македонија по повлекувањето на Пандев.
Гоки… пораснав со тебе, прво како идол, а покасно заедно и на терен. Горд сум што бев дел од твоето време. Емоциите се измешани, среќен за тоа што сме поминале заедно и тажен што повеќе нема да бидеш дел од теренот. Фала ти што прв успеа светот да слушне за Македонија и македонскиот фудбал, фала ти што беше инспирација за сите нас. Ти си наша легенда и мој мотив засекогаш“, напиша Ристовски.

ПретходноЛН: Хрватска е прва во групата, голчиште на Ериксен, Франција конечно победи (видео)
СледноСтадионот е распродаден, не чека пекол од 55.000 гледачи на „Борис Паичадѕе“