Селекторот на женската сениорска репрезентација, Љубомир Савевски го објави список на ракометарки за собир во рамки на претстојната ЕХФ недела во месец септември.
Во овој период, „црвено-жолтите“ треба да одиграа два пријателски натпревари против Норвешла. Првиот се игра на 29 овој месец, ќе биде од затворен тип, додека вториот е закажан на 1. октомври и ќе биде со директен пренос на МТВ. За овој дуел влезот е слободен.
Собирот е закажан за 26 септември со почеток во 13.00 часот во Хотел Александар Палас во Скопје.