Санси на продажба, цената е 1.8 милијарди долари

235

НБА тимот Феникс Санс кој послендиот период игра одлично и бележи супер резултати ќе биде ставен на пазарот за да наскоро добие нов сопственик.

Досегашниот, Роберт Сарвер се одлучи на ваков потег затоа што водството на НБА лигата го суспендираше на една година и го казни со 10 милиони долари казна поради расистички коментари кон неговите вработени.

Сарвер ја купи франшизата во 2004 година за 401 милион долари, а во моментов истата се проценува на 1.8 милијарди.

„Зборовите за кои искрено жалам што ги изговорив ги засенија двесетте години напорна работа и билдање на Феникс Санс како организација. Како верник, верувам во простување, но во моментов ситуацијата е невозможна за такво нешто. Колку и добро сега да направам мислам дека тоа нема да помогне ситуацијата да се подобри“ – изјави Сарвер.

ПретходноСуперкупот на Европа се сели во САД
СледноМилевски со дилема Миовски или Ристовски!?