Роџер Федерер последниот меч во својата професионална кариера ќе го одигра во двојки, а него партнер ќе биде шпанскиот тенисер Рафаел Надал. „Лејвер Купот“ е местото каде што Федерер ќе каже збогум. Тој и Надал ќе играат американскиот пар Џек Сок и Френсис Тиафо.
„Секогаш сме имале голема почит еден кон друг, кон нашите семејства, кон нашите тренери. Создадовме добри односи во текот на долгата кариера и можеби тоа е најдобрата порака, не само за тенисот како спорт, туку и надвор од тоа“, изјави Федерер.
Познати се и деталите, овој дуел се игра во петок.
The line-up is set for Day 1 of #LaverCup pic.twitter.com/HnulRs01KX
— Laver Cup (@LaverCup) September 22, 2022