Хаос во Колумбија и прекин на прволигашки меч поради навивачи (ВИДЕО)

160

Дека во Јужна Америка може да се случат нереди испровоцирани од навивачи односно дури и на највисоко можно фудбалско ниво, не е никаква тајна. Сепак, она што се случуваше во првата лига на Колумбија на мечот Кортула и Депортиво Кали е навистина слика од некои други времиња во кои навивачите навистина можеа да направат сериозен инцидент каков одамна немаме видено.

Гостинските навивач, оние на Депортиво Кали незадоволни од фактот што нивниот тим игра очајно и што ќе загуби од последнопласираниот тим на табелата кој со овој триумф и би ги престигнал, во самиот финиш на мечот влегоа во теренот и ги нападнаа сопствените фудбалери.

Ужасната ситуација стоечки ја истрпи тренерот Андреас Кандела кој доста смирено ја поднесе целата ситуација која што бе беше ни малку наивна.

 

ПретходноРеал подготвен да му го продолжи договорот на Модриќ и до 2024 година
СледноГи „изгоревме“ со Пандев и Нестор, време е тоа да го сторат некои други