Манчестер Јунајтед го објави извештајот за последниот квартал од финансиската година, што заврши во јуни 2022 година. Според нив, загубите се зголемиле за 23 милиони фунти во однос на претходната година и изнесуваат 115,5 милиони фунти. Вкупните задолженија на клубот се зголемиле за 22% – од 419,5 милиони на 514,9 милиони како резултат на ангажманот на Кристијано Роналдо, Џејдон Санчо и Рафаел Варан, а трошоците за платите се зголемиле за 19% или 61,6 милиони фунти. Вкупно Манчестер Јунајтед издвоил вкупно 384,2 милиони фунти во сезоната 2021/22. Тоа е најголема сума во целата историја на Премиер лигата. Претходниот рекорд го имаше Манчестер Сити и изнесуваше 355 милиони фунти.
Приходите се зголемиле за 89,1 милиони фунти.
Во извештајот, исто така, покажува клубот многу го чинеле отказите на Оле Гунар Солсскаер и на Ралф Рангик, кој по неговиот привремен престој како менаџер не го исполни својот договор за две години , во кој тој требаше да биде и консултант на Манчестер Јунајтед. На ова клубот потрошил вкупно 24,7 милиони фунти.
Дома Меѓународен фудбал Англија Јунајтед објави загуба од 115 милиони фунти за минатата сезона, но и...