Горан Пандев објави фудбалска пензија по 20 години, од кои речиси сите ги мина во Италија (освен една во Галатасарај). Тој ќе остане запаметен како најуспешен и најтрофеен фудбалер во историјата, но и легенда во Серија А како фудбалер на Лацио, Интер, Наполи и Џенова.
Со Интер ги освои Серија А во 2009/10, Купот на Италија во 2009/10 и 2010/11, ЛШ во 2009/10, Светското клупско првенство во 2010 година. Со Наполи два пати го освои Купот, а со Лацио еднаш.
Интер испрати порака и му го честиташе на македонскиот фудбалер пензионирањето: „Од Примавера до врвот на светот. Ти благодариме за се Горан Пандев“, гласи оригиналната порака на Интер.