Репрезентацијата на Луксебург беше пред сензација и победа над Турција. Мечот се играше на „Фатих Терим“ стадионот во Истанбул во групата 1 од Лигата Ц на Лигата на нациите. „Лавовите“ три пати имаа водство за на крајот да освојат само бод и резултат 3:3. Со овој бод Турција остана прва на табелата со 13 бода и избори промоција во повисока дивизија. Луксембург е втор со 8 бода.
Луксембург поведе во 9. минута со голот на Мартинс, а во 16. минута Џенгиз Ундер изедначи од пенал. Гостите пак дојдоа во предност по одлична акција и погодок на Синани во 37 минута за веќе во наредната акција Шанот да си постигне автогол и да изедначи на 2:2.
Луксембург трет пат дојде во предност со гол во 69 минута на Родригес, а Турците изедначија во 87 минута со голот на Јуксек.
Луксембург идното коло ќе игра против Литванија на домашен терен, а Турција ќе гостува на Фарските Острови.
РЕЗУЛТАТИ, ЛИГА Ц
КАЗАХСТАН – БЕЛОРУСИЈА 2:1
ЛИТВАНИЈА – Ф.ОСТРОВИ 1:1
СЛОВАЧКА – АЗЕРБЕЈЏАН 1:2
ТУРЦИЈА – ЛУКСЕМБУРГ 3:3
ЛИГА Д
ЛЕТОНИЈА – МОЛДАВИЈА 1:2
ЛИХТЕНШТАЈН – АНДОРА 0:2