Ништо од „одмазда“, Барселона повторно го реши Кјелце!

88

Репризата од финалето и на стартот на новата сезона заврши во корист на актуелниот европски првак. Барселона го совлада Кјелце со 32-28 (18-13) во рамките на второто коло во Лигата на шампионите, овој дуел беше прогласен за дерби во групата Б. Нилсен беше човекот кој го имаше главниот збор на теренот во првото  полувреме, едноставно им создаде комплекси на ракометарите на Кјелце, запиша 11 одбрани во овој период, па токму затоа неговиот тим на одморот имаше водство од 18-13.

Полскиот тим во вториот дел отвори со серија со 4-1 и намали на 19-17 во 39 минута. Волф конечно проработе, а четири минути подоцна, Кјелце намали на 21-20, по што Ортега повика тајм-аут. Де Варгас со две одбрани го разбуди својот тим, Барса дојде на плус четири (24-20) на средината на второто полувреме.

Гостите пред крајот дојдоа на минус два (30-28), но Барселона успеа до крајот да ја задржи предноста и да дојде до втората победа и покрај добрата партија на Волф на спротивната страна. Циндриќ стави печат во 29 минута за 31-28, а Ване ги постави конечните 32-28.

Фабрегас со шест гола беше прв стрелец кај победникот, по пет погодоци имаа Мем и Гомез. Морито кај гостите запиша шест гола.

Во истата група , Нант дојде до првата победа, на домашен терен го совлада Пик Сегед со 35-30. Унгарскиот првак беше рамноправен противник до средината на првото полувреме, по кое францускиот тим го наметна своето темпо, одржуваше позитива од еден до три гола. По 17-15 на одморот, сликата остана иста и во следните 30 минути. Нант водеше и со плус шест 28-22, на крајот сосема заслужено се радуваше.

Во групата А, Магдебург без проблем го совлада ППД Загреб и заедно со Веспрем останаа перфектни. Германскиот тим ја оправда улогата на фаворит, славеше со 35-25, ова беше меч кој беше решен по едно полувреме (17-12).

Гог и Динамо Букурешт одиграа меч на кој паднаа 76 гола, а мечот заврши без победник (38-38).

ПретходноЈунајтед објави загуба од 115 милиони фунти за минатата сезона, но и рекорд за плати во Премиер лигата
СледноЛуксембург три пати водеше во Истанбул, на крајот ремизираше со Турција