Вечерва ќе се комплетира второто коло во Лигата на шампиони. Последните четири средби имаат што да понудат. Ако вчера Целје успеа да го шокира Кил, во тој случај за очекување се нови возбудувања.
Во центарот на вниманието е репризата од финалето меѓу Барселона и Кјелце. Домаќин на оваа пресметка е бранителот на титулата, кој исто како својот противник на отварањето на новата сезона покажа сила. Каталонскиот гигант по фуриозно второто полувреме го освои Сегедин, додека пак Кјелце на домашен терен беше убедливо подобар од Нант (40-33). Овој меч е закажан со почеток во 20:45 часот.
На останатите средби во терминот од 18:45 часот: Гог е домаќин на Динамо Букурешт, додека Нант го пречекува Пик Сегед. Во Германија пак Магдебург игра против ППД Загреб (20:45 часот).