Се ближи почетокот на новата сезона во НБА, а наместо приказната за атакот на титулата во Бостон, се зборува за скандалот кој изби. Тренерот на тимот Име Удока (45) спиел со помошничка од стручниот штаб, а тоа ги налутило сите во клубот. Во правилата за франшизата е нагласено дека тоа е строго забрането, па му се заканува отказ.
Покрај сето тоа, Удока е свршена со актерката Ниа Лонг, има и син. Утврдено е дека Име и неименуваната жена се согласиле дека немало елемент на следење или закани, но и покрај тоа тие го прекршиле кодексот, па се очекува да добијат најстрога казна.
Неофицијално луѓето од клубот не сакаат да го отпуштат, бидејќи добро си ја врши работата и тимот игра добро под негово водство, играа и во големото финале во НБА лигата и загубија од Вориорс, па суспензија би била многу пореална опција. Се споменува дека би можел да биде суспендиран цела сезона, што повторно е слично на отказ. По средбите во клубот ќе биде донесена конечна одлука за дисциплинските мерки.
Тамошните медиуми не пишуваат за која точно се работи, но во стручниот штаб на Удока има само една жена. Алисон Фистер (46). Таа е задолжена за развој на играчи. Играше во ВНБА лигата, беше крило, кариерата и траеше од 1998 до 2008 година и ги носеше дресовите на Лос Анџелес Спаркс, Шарлот Стинг и Индијана Фиверс.