Австриецот Вајнбергер ќе суди на дуелот Македонија – Бугарија!

86

Секако денеска во преден план за нашата најдобра репрезентација е гостувањето во Тбилиси, каде се среќаваме со Грузија во меч од Лигата на Нации. Сепак во понеделник играме и со Бугарија во последното коло, и тоа дома.

Па за овој меч со нашиот источен сосед познати се судиите кои ќе ја делат правдата на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

Главен судија е Џулијан Вајнбергер од Австрија, него ќе му помагаат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицбергер и Александер Харкам, исто така од Австрија.

Вајнбергер е роден во 1985 година, нема којзнае какво интернационално искуство. Последен меч во Европа, на репрезентативно ниво, му е оној од јуни кога судеше Грција – Косово во Лигата на Нации, а мечот заврши со 2:0. Инаку судеше два меча ова лето и во Лигата на Конференции.

ПретходноТбилиси – 12.11.2020: Македонија се радуваше на пласман на ЕП, а Грузија ПЛАЧЕШЕ! (ВИДЕО)
СледноСпоред математичка формула: Аргентина со Меси ќе биде светски првак на Мундијалот во Катар!