Емил Рајковиќ ќе се бори за првиот трофеј со ЦСКА Москва. Тимот на македонскиот стратег се пласираше во финалето на ВТБ Суперкупот, откако го совлада составот на Мега со убедливи 101-76.
Името на противникот во битката за трофејот, московскиот клуб ќе знае дури утре по завршувањето на дуелот помеѓу Зенит и Партизан.
Најдобар на денешниот меч беше Жан-Шарл Ливио кој имаше дабл-дабл од 18 поени и 12 скока.
Претходно Рајковиќ и ЦСКА го совладаа Уникс за кого настапува македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.