Селекторот на грузиската фудбалска репрезентација, Вили Сањол, на прес-конеренцијата по вечерашниот меч во Тбилиси не го криеше задоволството од победата и обезбеденото прво место во групата.
„Нормално е што Македонија беше на моменти подобра од нас на терен. Тоа е нормално, затоа што се добар тим. Но ние не се распаднавме ниту во одбрана ниту во средината на теренот. Откако постогнавме гол заигравме подобро. Нормално е дека не бев задоволен на почетокот од мечот, но еве на крајот сум пресреќен и од освоеното прво место во групата. Се уште сме далеку од еворпско, имаме уше многу пред нас и мислам дека е рано да славиме. Ќе се сконцентрираме на она што следува и се надеваме на најдобро“, вели Сањол.