Трајковски трет ден со температура, Дарко Велковски со повреда по вчерашниот тренинг

697

СПОРТМЕДИА во Тбилиси,

Огнен Дојчиновски

Ако немавме доволно проблеми пред вечерашниот дуел од Лигата на Нациите во Тбилиси против домаќинот Грузија, кој е лидер на нашата група, се случи нешто дополнително и неочекувано.

Александар Трајковски веќе трет ден е со температура и за жал не се знае дали ќе може да настапи. Ако до пред ден, два, за оваа ситуација се веруваше дека е само негова реакција на промена на временска зона, авионски летови, аклиматизација и слично сега тоа повеќе не е така.

Да биде ситуацијата уште полоша, на вчерашниот тренинг мала повреда доживеа и Дарко Велковски кој исто така е незивесен за вечерашниот дуел. Доколку стоперот не може, тука би требало да влезе во првиот состав Никола Серафимов.

 

ПретходноСагата траеше осум години…. Икарди и Ванда официјално се разведуваат
СледноНема предавање, одиме да го освоиме Тбилиси по втор пат