Швајцарија со апел до своите фудбалери да не “летаат“ двоглави орли на СП во Катар!

188

Фудбалскиот сојуз на Швајцарија апелира до своите фудбалери на претстојнот СП во Катар да се воздржат од провокации, да не покажуваат гестовио со кои би ги навредиле чувствата на противникот.

Се разбира дека ова доаѓа ако се знае дека во Катар свој дуел ќе имаат Србија и Швајцарија, а познато е што се случуваше на Мундијалот во Русија кога Шаќири и Џака “летаа“ двоглави орли, и тоа наиде на голема реакција кај српската страна.

Овој апел го упати директорот на Сојузот Пјерлуиџи Тами, кој посочи дека не смее да се повтори настанот од 2018 година, дека спортот е само спортот и дека не би било добро во фудбалот да се меша и политиката.

ПретходноШто и треба на Македонија за да заврши прва во групата!?
СледноТбилиси – 12.11.2020: Македонија се радуваше на пласман на ЕП, а Грузија ПЛАЧЕШЕ! (ВИДЕО)