СПОРТМЕДИА во Тбилиси,
Огнен Дојчиновски
Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18:00 часот на Националниот стадион во Тбилиси ќе го одигра претпоследниот дуел од актуелната Лига на Нации против домашната Грузија.
Нашиот состав ќе биде нешто видоизменет во однос на претходните мечеви од оваа кампања, затоа што имаме проблеми од секаков вид. Откажувања, повреди, замор, немање на клуб, се само дел од проблемите со кој се соочи селекторот Благоја Милевски пред вечерашниот дуел.
Па така, мораше да комбинира, да составува нови единаесет кога веќе не може смета на неколкумина.
Во прв ред мора да биде заменет капитенот Стефан Ристовски. На неговата десна страна денеска ќе застане Ѓоко Зајков и тоа како стопер. Уште на стоперските позиции се Велковски и Муслиу. Алиоски ќе биде погоре на левата страна, додека Ашковски на десната, позади шпицовите ќе биде Елмас, додека како последни играчи за врска Барди и Спировски. Во нападот се М. Ристовски и Миовски, Секако голман е Димитриевски.
Се одлучи селекторот Благоја Милевски да им даде шанса на двајцата млади напаѓачи и да се обиде да го изненади противникот со нешто поофанзивна формација.