Познатиот хрватски кошаркар и тренер, Александар Петровиќ, ја презеде функција спортски директор на хрватската кошаркарска репрезентација.
Хрватската кошаркарска федерација денеска ја објави новата функција и официјално го назначи Петровиќ како прв спортски директор на репрезентацијата. 63-годишниот специјалист без двоумење ја прифатил поканата.
Петровиќ три пати беше предводник на хрватската репрезентација. Под негово водство, тимот го освои петтото место на Олимпијадата 2016 година, третото на Евробаскетот 1995 година и седмото на Евробаскетот 2001 година.
Се очекува во многу скоро време, Петровиќ да назначи и ново селекторско име на клупата на „коцкестите“.