Претседателот францускиот шампион, ПСЖ, Насер Ал-Келаифи повторно е актуелен во медиумите откако даде изјава за проектот наречен „Суперлига“.
„Тимовите кои сакаат да ја создадат европска Суперлига учествуваат во УЕФА и таму го слават својот успех. Се е во ред. Не постои нешто како Суперлига сега и никогаш нема да има“, рече Ал-Келаифи, кој е претседател и на Европската клупска асоцијација.
Проектот „Суперлига“ според дел од основачите како Јувентус, Барселона и Реал (М) се уште има простор за реализација иако УЕФА најостро ги осудува сите обиди за негово заживување.