Струга ТЛ – Силекс 1:2 (0:1) е епилогот од пријателскиот меч кој се одигра попладнево во Струга. Значи и тимот на Срѓан Захариевски знаел да губи, ама на пријателски. Ова го велиме поради фактот дека, како што е познато, Струга ТЛ има осум од осум на мечевите во ПМФЛ.
Инаку ова беше дуел меѓу првиот и вториот на табелата, а Силекс победи благодарение на головите на Ристовски и Масевски, додека Кочоски за домашните постигна евро гол и со тоа го ублажи поразот.
И двете екипи, а посебно Струга ТЛ, комбинираа со составите, се со цел да им се даде шанса и минутажа и на оние играчи кои досега не беа во преден план.