ЛИГА НА НАЦИИ: ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА 2-0 (KРАЈ)

422

ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА 2-0

90+4′ – КРАЈ. Втор пораз на македонската репрезентација во дуелите со Грузија. Грузијците патуваат во плеј-офот за пласман на ЕП во кој се уште Казахстан, Грција и Турција. На нас ни преостанува уште да го доиграме мечот со Бугарија во последното коло од групата.

83 минута – Елези дебитира. Влезе на местото на Барди.

72 минута – Двојна измена во нашиот тим. Велковски излегува, влегува Серафимов. Јани Атанасов влегува, а излегува Милан Ристовски

71 минута – Зивзивадзе украде топка истрча до нашиот шеснаесетник, но шутна покрај голот.

68 минута – Двојна измена кај Македонија. Излегуваат Спировски и Ашковски, а влегуваат Тодоровски и Трајковски.

67 минута – ГОЛ ЗА ГРУЗИЈА! Огромна грешка на Дарко Велковски, топката му ја украде Зивзивадзе кој истрча напред пред Димитриевски, но не се реши да шутира туку да подаде до Кварацкелија кој непречен од никого ја смести топката во голот.

55 минута – „Бомба“ на Кварацкелија но топката заврши над голот на Димитриевски.

51 минута – По корнерот на Македонија, Алиоски шутира по земја но топката минута покрај голот

50 минута – Миовски во шанса, Мамардашвили исфрли во корнер.

48 минута – Елмас во шанса но неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата.

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ. Македонија притискаше, но Грузија поведе со автоголот на Миовски. Грузијците по голот во 35. минута се отворија и извршија притисок во завршницата на првиот дел. Сега чекаме одговор од нашиот тим во второто полувреме.

44 минута – Добра можност за Грузијците, но се сплеткаа во нападот и нашите дефанзивци можат да здивнат.

 

35 минута – ГОООЛ! Кварацкелија се обиде да нафрли по земја, топката удри во Миовски и заврши во мрежата.

34 минута – Абурџанија шутира од 16-метри, Димитриевски исфрли во корнер.

22 минута – слободен удар за Македонија. Енис Барди шутира од преку 20 метри, но тоа е лесен „плен“ за Мамардашвили.

20 минута – Спировски шутира од далечина, но грузискиот голман Мамардашвили избива во корнер.

13 минута – Жолт картон за Муслиу во обид да спречи контра напад

5 минута – Жолт картон за Спировски поради груб прекршок врз противнички играч.

No description available.

ЛИГА Ц
Група 4
1. ГРУЗИЈА 10 бода
2. МАКЕДОНИЈА 7
3. БУГАРИЈА 3
4. ГИБРАЛТАР 1

Што и треба на Македонија за да заврши прва во групата!?

Стадионот е распродаден, не чека пекол од 55.000 гледачи на „Борис Паичадѕе“

ПретходноИ Струга ТЛ знаела да губи, ама на пријателски!
СледноЃоковиќ се пријави на турнир на кој никогаш нема играно!