Работнички и третпат поразен на Балканскиот куп

64

Македонскиот одбојкарски шампион во женск аконкуренција, Работнички, го претрпе и третиот последователен пораз на Балканскиот Куп во Бања лига. Вечерва нашите шампионки со максимални 3:0 (25:23, 25:23, 25:11) загубија од организаторот на турнирот, екипата на УОК Бања Лука.

Првите два сета Работнички ги одигра одлично и вистинска штета што не успеа да дојде барем до сет, по кој веројатно мечот ќе имаше поинаков тек. Во првиот сет во последните поени нашите одбојкари влегоа со 23:23, но не успеаја да освојат поен кој ќе ја продолжеше неизвесноста.

Во вториот сет домашните имаа плус четири во завршницата (22:18), но Работнички се приближи на 23:22, по што следуваше по една промена на двете страни и водство на домашните од 2:0.

За нашите шампионки до крајот на Балканскиот куп останува да одиграат натпревар против Динамо Букурешт в недела.

ПретходноРајковиќ и ЦСКА се пласираа во финалето на ВТБ Суперкупот
СледноАл-Келаифи: Суперлигата како проект никогаш нема да ја има