Контроверзната фудбалско менаџерска двојка, Мауро Икарди – Ванда Нара, по осум години брак се разведуваат. Оваа ифнормација ја потврди самата Ванда која преку социјалните мрежи и се обрати на јавноста.
„Тешко ми е да живеам во овој момент, но со оглед на медиското внимание кон мене, подобро би било оваа информација да ја дознаете директно од мене. Нема што повеќе да се објаснувам, и нема да изнесувам повеќе детали туку ќе кажам само дека се разведувам. Ве молам само да имате малку повеќе разбирање за мене и за моите деца„ – напиша Нара.