Според математичка формула: Аргентина со Меси ќе биде светски првак на Мундијалот во Катар!

179

На неполни два месеци до почетокот на СП во Катар, се разбира дека прво прашање е кој ќе стигне до титулата, кој ќе биде светски првак. Се користат разни методи, па дури и математички формули. Една таква формула направи извесен Јоаким Клемен, кој воедно работи како брокер. Интересно, тој на минатите два Мундијали според својата формула точно погоди кој ќе биде првакот, во 2014 тоа беше Германија а во 2018 светски првак стана Франција.

Клемен за претстојнит Мундијал вели дека светски првак ќе биде селекцијата на Аргентина, дека Меси и другарите во финалето ќе слават против Англија, додека во полуфиналето “гаучосите“ ќе ја победат Шпанија.

Останува да видиме дали Клемен и по третпат ќе успее да погоди.

ПретходноАвстриецот Вајнбергер ќе суди на дуелот Македонија – Бугарија!
СледноТимур Дибиров заврши во болница на шиење (ВИДЕО)