Денеска македонската фудбалска репрезентација го игра препоследниот дуел од оваа Лига на Нации. Во Тбилиси од 18:00 часот го играме дуелот против домашната Грузија која е лидер на табелата и која во оваа кампања гледа шанса за нов историски евентуален пласман на Европското првенство. Првата таква шанса им ја одзедовме ние, а сега тие сакаат да се одмаздат.
И тоа ќе го сторат пред полн стадион. Како што дознавме вчера, трибините на стадионот, „Борис Паичадѕе“ денеска ќе бидат исполнети до последното место. Распродадени се сите билети на стадионот кој во 2015 година беше домаќин на СУперкупот помеѓу Барселона и Севиља.
Оној наш дуел во 2020 кога обезбедивме пласман на ЕП се играше без гледачи, но сега нема да го имаме тој луксуз, а не ни е ниту потребен, На мака се познаваат јунаците, па така ќе биде и денеска.