Првиот тренер на тимот на Бостон Селтикс, Име Удокa е суспендиран од страна на менаџментот на клубот, откако во јавноста изби аферата за неговата љубовна врска со колешка од клубот. Иако врската била на задоволство на обајцата што се вели, сепак, тоа не е во сооднос со кодексите кои владеат во таборот на Селтикси, како и со клупската политика на нетолеранција на вакви нешта, па Удоку е суспендиран.
Со оглед на фактот што НБА сезоната сеуште не е почната, не е одлучено кој ќе го води тимот низ сезоната. Удоку дефинитивно е суспендиран, и нема да е дел од стафот, а засега неговото работно место ќе го завземе Џо Мазул.