Тухел би можел да се соочи со проблеми на Островот!

217

Томас Тухел по поразот од Динамо Загреб на отварањето на новата сезона во Лигата на шампиони доби отказ од раководството на Челзи. Лондонскиот тим имаше променливи партии и во првите шест гола во Премиер-лигата, а поразот на „Максимир“ само ја прели чашата. На местото на германскиот стручњак седна Потер.

И додека ја чека следната понуда, Тухел би можел да се соочија со депортација во Велика Британија, доколку не прифати понуда од еден од англиските тимови. Тој веќе е без работа, а периодот за престој на Островот луѓето како Тухел е 90 дена.

Оваа ситуација не му одговара на екс-стратегот на „сините“, бидејќи тој се уште живее близу до тренинг центарот, а неговите деца одат во локалното училиште.

Се шпекулираше дека во Баерн би можел да го наследи Нагелсман, кој веќе четири кола не знае за триумф, но и дека би можел да пристигне во Јувентус, на кој му оди многу лошо под команда на Алегри.

Сепак, тие тимови во моментов имаат тренери и не е блиску именувањето на Томас Тухел за шеф на стручниот штаб. И неговите денови во Лондон минуваат…

ПретходноМакедонија У21 ја совлада Албанија на турнирот во Хрватска
СледноГрузија ита кон ЕП, во моментов за нас е друг свет (ВИДЕО)