Секако денеска во преден план за нашата најдобра репрезентација е гостувањето во Тбилиси, каде се среќаваме со Грузија во меч од Лигата на Нации. Сепак во понеделник играме и со Бугарија во последното коло, и тоа дома.
Па за овој меч со нашиот источен сосед познати се судиите кои ќе ја делат правдата на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.
Главен судија е Џулијан Вајнбергер од Австрија, него ќе му помагаат Максимилијан Колбиш, Михаел Обрицбергер и Александер Харкам, исто така од Австрија.
Вајнбергер е роден во 1985 година, нема којзнае какво интернационално искуство. Последен меч во Европа, на репрезентативно ниво, му е оној од јуни кога судеше Грција – Косово во Лигата на Нации, а мечот заврши со 2:0. Инаку судеше два меча ова лето и во Лигата на Конференции.