И Струга ТЛ знаела да губи, ама на пријателски!

636

Струга ТЛ – Силекс 1:2 (0:1) е епилогот од пријателскиот меч кој се одигра попладнево во Струга. Значи и тимот на Срѓан Захариевски знаел да губи, ама на пријателски. Ова го велиме поради фактот дека, како што е познато, Струга ТЛ има осум од осум на мечевите во ПМФЛ.

Инаку ова беше дуел меѓу првиот и вториот на табелата, а Силекс победи благодарение на головите на Ристовски и Масевски, додека Кочоски за домашните постигна евро гол и со тоа го ублажи поразот.

И двете екипи, а посебно Струга ТЛ, комбинираа со составите, се со цел да им се даде шанса и минутажа и на оние играчи кои досега не беа во преден план.

ПретходноГолден Арт сезонава со две екипи во сениорска конкуренција и над 100 ракометари во останатите категории
СледноЛИГА НА НАЦИИ: ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА 2-0 (KРАЈ)