ЛН: Шок за Германија, Распадори за победа на Италија, Бугарите со прва радост (ВИДЕО)

253

Фудбалската репрезентација на Унгарија покажа дека не случајно е прва во група со великаните Англија, Германија и Италија, откако вечерва во претпоследното коло во сегментот „А“ од Лигата на нации ја совлада Германија на гостински терен со 1:0. Голот за трета победа на Унгарија во групата беше дело на Адам Салаи во 17. минута на мечот.

 

Со овој триумф Унгарците се први во групата на коло пред крајот и ќе имаат директна битка со Италија во понеделник за првото место кое води во доигрувањето за трофејот. Италија вечерва со многу мака, но и еден велемајсторски погодок на Распадори стигна до минимален триумф над Англија на „Сан Сиро“ од 1:0. Со оваа победа Италијанците се втори во групата и во директна пресметка со Унгарија во Будимпешта ќе одлучуваат за првото место во групата.

 

Standings provided by SofaScore

Во сегментот „Б“ клучна победа вечерва во Зеница извојуваа фудбалерите на Босна и Херцеговина. Демировиќ погоди во судиското надополнување во првиот дел за 1:0 во мечот со Црна Гора, што се покажа како клучно за победа за домашните и обезбеден пласман на првото место во групата кое води во најквалитетниот сегмент во следното издание на Лигата на нации.

 

Финците и Романците одиграа 1:1 и останаа на 3. односно 4. место во групата.

Standings provided by SofaScore

Во нашата група во сегментот „Ц“, Бугарија беше убедлива против Гибралтар на крајот обезбедувајќи триумф од 5:1. Мечот во понеделник во Скопје со Бугарите ќе одлучува за второто место во групата.

Standings provided by SofaScore

ПретходноХаланд: Отсекогаш сум навивал за Манчестер Сити
СледноАлександар Петровиќ е нов директор на хрватската репрезентација