Македонија да и покаже на Грузија КОЈ Е КОЈ: Одиме на нова победа!

132

Иако “десеткувана“, иако “ранета“, сепак Македонија нема намера предвреме да се откаже од првото место во групата 4 во Лигата на Нации. Вечерва среде Тбилиси и гостуваме на силната Грузија која во последно време покажива драматичен напредок во својата игра и пред се во своите резултати.

Македонија без неколкумина стандардни репрезентативци, дел од нив и клучни, сепак сака победа, верува во победа. Некој ќе рече чудо. Па зарем чудо ќе биде ако ја победиме Грзуија? Минаат тие чуда кога славевме на гости кај Германија и Италија.

Македонија и без Ристовски, Адеми, Чурлинов и другите, има квалитет, има потенцијал во себе да слави вечерва пред 55.000 домашни фанови. Е, сега, дали тоа ќе биде со разлика од 3-4 голови, тоа не знаеме, но знаеме дека оваа Македонија, предводена од селекторот Благоја Милевски не само што сака, туку и може вечерва среде Тбилиси да и покаже на Грузија кој е кој.

Грузијците ќе имаат посебни мотови. Добро се сеќаваат на тој 12 ноември 2020 година кога пред нос им го “лапнавме“ пласманот на ЕВРО. Кога ги оставивме да плачат. Тие добро знаат дека и со реми ќе ја остварат целта, ќе бидат први во групата, но затоа Елмас, Барди, Џани, Столе … треба да докажат и покажат дека на нив и тоа како треба да се смета, треба да им ги расипат сметките на домашните фудбалери.

Елмас ќе има свој посебен мотив, да им покаже на сите во Наполи дека тој е Дијамантот а не Квича Кварачелија.

Македонија сака, Македонија може…

Сите ние кои сме фанови на оваа фудбалска Македонија веруваме во момците, веруваме дека и овојпат ќе го дадат и повеќе од максимумот за својата земја, за својата Македонија, за дресот со националните бои.

Ако биде така тогаш тоа ќе биде доволно за победа, барем така веруваме дека ќе биде.

АЈДЕ МАКЕДОНИЈО…НАПРЕД МАКЕДОНИЈО…

ПретходноМеси на „шала на смеа“ доби шлаканица на тренингот на Аргентина (ВИДЕО)
СледноНеверојатно: ПСЖ му дава 120 милиони евра годишно а Мбапе “плука“ по својот клуб!