Македонската репрезентација до 21 година ја совлада соодветната селекција на Албанија со 3:1 на првиот меч од контролниот меѓународен турнир во Хрватска. Во 10. минута со голот на Берат Калкан македонскиот тим поведе со 1:0, а изедначи Шпенди во 31 минута.
Само што почна второто полувреме избраниците на Драган Канатларовски го врати водството, а стрелец на голот беше капитенот Марио Илиевски. Истиот играч со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 3:1 во 56.минута.
Треба да се каже дека нашите надежи во текот на целиот меч доминираа, имаа неколку зицери покрај тие три гола што ги постигнаа, посебно Илиевски во 7.минута и Абази во 82.минута. Но и овие 3:1 се добар резултат во секој случај.