Меси на „шала на смеа“ доби шлаканица на тренингот на Аргентина (ВИДЕО)

346

Репрезентацијата на Аргентина се подготвува за септемвриските натпревари, како дел од подготовките за Светското првенство во Катар, каде ќе се обиде да стигне до третата светска шампионска титула. Исто така, тоа реално ќе биде последна шанса за Лионел Меси да го освои единствениот трофеј што му недостасува во неговата богата кариера.

Но, од таборот на Аргентина, од тренингот излезе снимка, на истата може да се види расправија меѓу Меси и соиграчот Родриго де Пол, кој му „удри шлаканица“ на ѕвездата на ПСЖ.

Меси дојде до Де Пол да му ги пренесе своите забелешки, оваа ситуација ја пратеше Леандро Паредес кој го повлече Де Пол и го оддалечи од Меси, но овој момент брзо имаше позитивен епилог. Сите тројца играчи на крајот се насмеаа, бидејќи беше само шега меѓу репрезентативците.

 

ПретходноТимур Дибиров заврши во болница на шиење (ВИДЕО)
СледноМакедонија да и покаже на Грузија КОЈ Е КОЈ: Одиме на нова победа!